Свет
26. November 2019 - 9:08

Незадоволни граѓани на Конго ја запалија зградата на градскиот совет

Незадоволните жители на Бени, град во источниот дел на Конго, го запалија објектот градскиот совет и упаднаа во Мировната мисија на ОН.

Инцидентот се случи откако во најновиот напад, бунтовниците синоќа убија осум лица и киднапираа деветмина.

Во градот се слушнале и пукотници кога полицијата и мировните сили се обиделе да ја растераат толпата народ, која насилно влезе во базата на ОН и запали возила на ОН.

Тие неколку дена протестираа пред ОН поради честите напади на бунтовниците од Сојузничките демократски сили, а во немирите загинаа двајца цивили и двајца полицајци.

Мисијата соопшти дека не може еднострано да изведе операција во регион каде е веќе активна војската на Конго и оти не може да учествува во конгоанските воени операции без повик.