Бизнис
14. јуни 2018 - 19:41

Невремето уништи 5000 хектари земјоделски површини во светиниколско

Вчерашното невреме ги уништи земјоделските посеви во Овчеполскиот регион. Градот и силниот ветар нанесоа огормни штети.

Според првите проценки уништени се земјодлски  посеви на површина од околу 5.000 хектари , 95 отсто од житните култури, 90 отсто од лозовите насади. Уништен е и бостанот, а тутунот е целосно набиен во земјата.

Земјоделците се загрижени. Во прашање е доведена нивната егзистенција. Бараат државата  итно да превземе мерки. Климатските промени во последниве години драстично им го поскапуваат  производството, а откупните цени постојано паѓаат.

Градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велков  посочил дека тие како општина ќе бараат од министерството за земјоделство да формираа комисии за проценка на штетите и да  ги обештетат земјоделците.

Поради силно невреме минатата недела беше уништен и 70 отсто од родот во Неготино.

Земјоделството во вкупниот БДП учествува  со 12 проценти.