Македонија
9. јуни 2018 - 12:40

Невремето предизвика хаос во Скопје

Големото невреме проследено со дожд, силен ветер, град и грмотевици кое го зафати Скопје предизвика проблеми во скопското подрачје.

Од УХМР информираат дека ветерот достигнал брзина и над 80 километри на час.

 

Поради невремето поплавен е дел од булеварот Партизанска во Скопје.

 

 

Невремето доведе и до паѓање на дрва во Градскиот парк и на улицата Илинденска.

Еве каква е ситуацијата во скопски Аеродром.