Loading Video...
Балкан
17. July 2021 - 21:19

Невремето од Европа се спушти кон југ, поплави во Србија, Босна и Хрватска

Невремето од Западна Европа се пресели на Балканскиот полуостров. Делови од Хрватска, Босна и Србија од вчера се зафатени со поројни дождови кои за кратко предизвикаа излевање на реките и поплавување на сообраќајници. Службите во Нова Градишка регистрирале количество на врнежи од скоро 160 литри на метар квадратен.

По стравичните слики од поплавите во делови од Германија, сега состојбата се влошува и во Холандија. На југот од државата, илјадници луѓе ги напуштиле своите домови откако водата ги пробила насипите - властите прогласија национална катастрофа.

Експертите велат дека во иднина се почеста ќе биде појавата на обилни врнежи проследени со силен ветер и грмотевици. Треба да се очекуваат и екстремно високи температури.

Невремето од Европа и Балканот, според хидролозите не се очекува да ја зафати земјава. Сепак предупредуваат дека појавата на локално невреме е можност за брзо зголемување на водотеците и локално излевање на реките.

Според најавите, нестабилното време со локална појава на пороен дожд, град и силен ветер ќе се задржи до средината на идната недела.