Невремето „Мидија“ во Грција донесе снег, затворени училишта и проблеми во сообраќајот
Невремето „Мидија“ што ја зафати Грција, донесе снег, минусни температури во целата земја, затворени училишта, како и проблеми на повеќе автопати.
Во северна и централна Грција, во областа Епир, во градовите Јанина, Солун, Волос, Лариса, како и на островите Лезбос, Хиос и Закинтос, поради ниските температури и невремето, училиштата денеска се затворени, а наставата е онлајн.
Врнежи од снег утрово имаше и во центарот на Атина, а северните предградија се веќе под снежна покривка, додека пак затворен е автопатот кон Солун до градот Ламија, а возилата се враќаат назад кон Атина.
Невремето предизвика и проблеми и прекини во снабдувањето со електрична енергија, во северниот дел на областа Атика, на островите Скопелос, Скиатос, Алонисос и Евија, но и во други делови на земјата.
Според податоците од метеоролошката служба на Националната опсерваторија во Атина, во 6 часот утрово, најниска температура од -19,9 степени била регистрирана во планинското село Месовуно кај Козани, во северниот дел на Грција, додека пак на островот Евија, ветерот бил со брзина од 118 километри на час.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација