Бизнис
16. July 2018 - 19:43

Невремето и дождот го намалија квалитетото и количините на тутун

Врнежите и невремето го намалија квалитетот и количините на тутун. Поради тоа се очекува тутунот да се проценува во пониска класа а со тоа да добие и помала откупна цена. Од стопанската комора велат иако површинуте со тутун се за 10 отсто поголеми од лани, врнежите кон крајот на јуни  почетокот на јули како и невремето минатата недела предизвикале појава на болести и штетници кои влијаат врз неговиот квалитет и количина.

Од комората се надеваат наскоро да биде донесен новиот зкаон за тутун  тутунски и сродни производи.

Минатата година 93 отсто од тутунот биле со највисока прва класа и втора класа поради што просечната откупна цена била 217 денари за килограм.

Невремето од минатат недела речиси целосно ги уништи посевите на тутун во селото могила, каде сеуште се прибираат пријавите се обештетување. Освен тутунот, штети има и  кај другире земјоделски култури.