Балкан
25. August 2019 - 18:33

Невреме во Словенија предизвика свлечишта: Патиштата блокирани, куќите поплавени, луѓето заробени во возилата

Невремето кое ја погоди Корушка во Словенија покрена свелечишта кои ги блокираа локалните патишта и железничкиот транспорт во тој крај, неколку куќи се поплавени, а жителите евакуирани.

Обилните дождови го блокираа патот меѓу Чрна и Шоштања во саботата попладне, а седум луѓе кои се наоѓале во автомобили на патот се евакуирани поради одрони и ноќта ја поминаа во Чрна.

На самото место и натаму се противпожарни и други екипи, кои успеале делумно да го расчистат патот.

Градоначалничката на Корушка, Романа Лесјак изјави дека за среќа, возилата не се затрупани во одронот.

Освен бурата, тој крај го погоди и дожд со град, поради што е оштетена туристичка фарма во Чрни, додека едно семејство во местото Муте е евакуирано, а неколку куќи се поплавени.

Според зборовите на локалните официјални лица штетата најверојатно ќе биде поголема од онаа настаната со излевање на реката Драва во 2012 година, пред се поради свлечиштата, поплавените куќи и оштетените патишта.