-->
-->
Невреме во Сибир, четворица загинати, околу 264.000 луѓе без струја
-->
Најмалку четири лица загинаа во ураганот што го погоди Сибир, соопшти Истражниот комитет за Кемеровската област. Според податоците на Министерството за енергетика, околу 264. 000 жители на Сибир останале без струја поради ураганот, објави Комерсант.
Во градот Новокузњецк во западен Сибир беше прогласена вонредна состојба откако беа оштетени 47 покриви на станбени згради, 30 автомобили и 45 инфраструктурни објекти.
Градоначалникот Сергеј Кузњецов рече дека се паднати повеќе од 200 дрвја. Во Новокузњецк денеска ќе бидат затворени училиштата и градинките.
На територијата на Алтај три лица се повредени и хоспитализирани, соопшти Министерството за вонредни ситуации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убиен еден од ограбувачите на златарница во Косово, ранет полицаец и приведени седум лица
-
Хамас соопшти кои 30 Палестинци ќе бидат разменети вечерва
-
Финска постави двојна ограда на границата со Русија, сите премини се затворени
-
САД се загрижени бидејќи Хамас и натаму наоѓа финансиска помош во Турција
-
Тепачка во казино во Гази Баба
-
Штип: Двајца дрвокрадци фрлале дрва кога биле фатени на дело со цел да побегнат од полицијата
-
Пријавена тепачка помеѓу два малолетници на Бит Пазар
-
Дачиќ: Да не ни се држат лекции од страна, три четвртини од земјите во ЕУ сега не би го поминале тестот