Македонија
10. November 2017 - 13:24

Невреме во Македонија - подгответе се

Пообилни врнежи од дожд, наместа и до 25 литри на метар кавдратен, а на планините снег, најавува за претстојниот викенд Управата за хидрометеоролошки работи.

Врнежите од дожд ќе бидат поизразени утре попладне во западните и јужните делови на Македонија. Снег, пак, ќе паѓа на повисоките планини во североазападна Македонија.

Во недела и понеделник врнежите ќе бидат полокализирани и ќе дува умерен јужен ветер. Во недела ќе има услови за утринска магла по одделни котлини.

Пообилни врнежи повторно се очекуваат во вторник и среда, а од среда и опаѓање на температурата што ќе предизвика на планините и на некои повисоки места врнежите да поминуваат во снег.