Македонија
30. April 2017 - 8:31

Невреме во Македонија - Еве какво време не очекува денес

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.Температурата ќе опадне за четири до пет степени.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12 степени, а дненвата од16 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер.

Утринската температура до 10, а дневната ќе достигне до 20 степени.

Од понеделник следува период кога во попладневните часови ќе има локален дожд со појава на ретки грмежи. Поради јужното воздушно струење, дневните температури повторно ќе бидат во пораст. Извесно преодно стабилизирање на времето се очекува во вторник.