Македонија
1. December 2017 - 8:42

Невреме во Македонија

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно на повеќе места со обилни врнежи од дожд, кои ќе бидат најобилни во западните и источните делови каде локално се очекува да наврнат над 50 литри на метар квадратен.
 
Ќе дува слаб ветер од северен, а во јужните делови повремено засилен од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од седум до 14 степени, а максималната од 9 до 16 степени.
 
Во Скопје ќе биде облачно со изобилни врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата ќе биде од осум до десет степени.
 
В сабота и в недела врнежите ќе бидат полокализирани, но ќе има услови да бидат и поројни. Врнежи од снег ќе има само на највисоките планини во северозападните делови. Од понеделник ќе дува северен ветер, а температурите ќе бидат во опаѓање.