Балкан
1. September 2020 - 11:04

Невреме во Хрватска

Во делови на Хрватска вчера дојде до промена на времето со дожд и пониски температури во Загреб, а Далмација ја зафати силно невреме и обилен дожд.

Најлошо беше во Шибеник, каде, како што објави локалниот портал Шибеник, дождот предизвика поплави низ целиот град.

Најмногу дожд падна во областа Шибеник, на некои места и повеќе од 50 литри на метар квадратен.

Невремето во текот на вечерта продолжило да се движи кон областа Макарска, а во областа Живогошче, падна град со големина на топче за голф, пренесува Далмација Данас.

Ветерот носел ќерамиди од покриви, а на Хвар, гром предизвика пожар во шумата кај Брусје.

Невреме го погоди и подрачјето на Трогир, каде гром удри во ѕид на спортската сала, пренесува Индекс.хр.