Невреме во Хрватска | Сител Телевизија
Балкан
1. April 2018 - 10:56

Невреме во Хрватска

Поројните дождови што ја зафатија Хрватска, предизвикаа големи проблеми во сообраќајот. 

Сплитската Метеоролошка станица „Марјан“ соопшти дека јачината на ветерот достигнала до 108 километри на час, како и дека од невремето не се предзвикани материјални штети. 

 На одредени патишта во земјата возилата се движат забавено поради обилните дождови, големата количина вода и силниот ветер, јави Хина.