Балкан
28. December 2017 - 8:46

Невреме во Грција, проблеми со морскиот транспорт во Јонско Море

Грција од денеска ќе биде зафатена со нов бран невреме, проследено со дожд, ветер и снег на високите места, јавија грчките медиуми.
 
Ураган го блокира морскиот транспорт во Јонското Море.
 
Поради силните ветрови прекинато е движењето на фериботите кои се движат од Игуменица до островот Крф. Исто така не сообраќаат бродовите на линиите Килини-Закинтос, Ликсури-Аргостоли и Порос-Килини.