Македонија
23. August 2016 - 11:24

Невреме во гевгелиско и демиркаписко - еве на каде се движи

Од УХМР информираат дека во моментов изразена нестабилност проследена со грмежи и врнежи има во Гевгелиско и Демиркаписко. Облачната маса е со правец на движење кон Валандовско, каде ќе донесе нови врнежи, грмежи и повремено засилен северен ветер.

Инаку, невреме се најавува и во Скопје.