Балкан
2. October 2018 - 10:29

Невреме во Дубровник

Силно невреме го погоди денеска Дубровник и околината, а поради поројните дрождови поплавени се голем број улици во поширокиот дел од градот.

Невремето проследено со грмежи го погоди Дубровник утрото околу четири часот.

Според локални медиуми, поплавени се и куќи во градот.

Пожарникарите во Дубровник во рок од три часа имале повеќе од 30 интервенции.