Македонија
5. јуни 2017 - 15:41

Невреме во Дебар, Прилеп, Крива Паланка и Македонска Каменица

Oколу 13 часот подрачјето на Дебар и околината беа зафатени од интензивна нестабилна воздушна маса која предизвика невреме со обилен пороен дожд, до 40 литри на метар квадратен, со електрични празнења.
 
Како што соопшти УХМР, во моментов нестабилно со пороен дожд и грмежи е во подрачјето на Прилеп, Крива Паланка и Македонска Каменица.
 
Ппопладне и до крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и североисточните предели.
 
До четврток ќе се задржи нестабилно време, околу пладне и попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи со променлив интензитет. Во четврток ќе дува засилен северен ветер и од втората половина на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето, по што следува период на стабилно и топло време.