Македонија
20. July 2017 - 17:08

Невреме со грмотевици, засилен ветер и дожд го зафати скопскиот регион

Интензивни врнежи од дожд, силен ветер и локална појава на невреме регистираа метеролозите во Скопје и околината во последниот половина час.

Претходно, Управата за хидрометеролошки работи издаде предупредување дека во следните часови нестабилна маса ќе предизвика во западните и северните делови на земјата да има пороен дожд и грмежи кои на одредени места во земјата може да бидат поинтензивни.

За утре метеролозите најавуваат стабилно и сончево време со температура до 35 степени.