Свет
19. August 2019 - 17:48

Невреме предизвика прекин на железничкиот и патниот сообраќај во Германија

Поради силна бура која корнеше дрвја и далноводи во јужните и централните делови на Германија во прекин е железничкиот и патниот сообраќај.

Операторот на германски железници „Дојче бан“ дека поради невремето десет меѓународни возови не сообраќаат, вклучително и тие за Швајцарија и за Франција.

Поради бурата синоќа од аеродромот во Франкфурт беа откажани 41 лет, а пренасочени беа осум авиони.