Невреме на повеќе места, нестабилното време ќе продолжи до крајот на денот
Нестабилно време со пороен дожд, грмежи, локално и во форма на невреме поладневно зафати повеќе места во земјава. Нестабилно време со локален дожд и грмежи го зафати Гевгелиско – дојранскиот регион. Од пладневните часови од север нестабилна воздушна маса проследена со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер ја зафати скопската котлина. Локално имаше и краткотрајно невреме со пообилен дожд и појава на град.
Во Гевгелија според мерењата на УХМР навврнати се 30 литри на метар квадратен, 16 Демир Капија, 14 Тетово, 12 Берово, девет Струмица, шест Скопје-Зајчев Рид, три Скопје-Петровец, два Приле и еден литар во Штип.
До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмржи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, грмежи, засилен ветер.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ=8
Во Скопје, ќе биде сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 30 степени.
Во наредните денови ќе биде сончево и топло со пораст на дневната температура. За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра