Балкан
25. February 2019 - 14:59

Невреме на Малта, луѓе собираа риба на улица

По големото невреме што викендов ја зафати Малта, илјадници риби завршија на улиците во градот Шемшија. Многу луѓе и возачи застануваа за да ги соберат орадите што ги исфрлаа брановите. Неколку видеа беа објавени денеска на социјалните мрежи.

„Изгледа дека некоја од фармите за риби попуштила и стотици риби се насукаа на брегот и луѓето ги собираа од среде улица. Неверојатно“, пишуваа очевидци на „Фејсбук“.

Големи бранови што го погодија југоисточниот дел на островот, предизвикуваа хаос во заливите Сент Џулијан и Сент Пол.