Балкан
6. July 2018 - 10:55

Невреме го покоси регионот: Силна бура и град носеа се пред себе, а се очекува и полошо време

Најавено невреме вчера во доцните попладневни часови погоди делови од Хрватска, Словенија и Италија, а се очекува уште да се засиили.

Силното невреме во попладневните часови зафати делови од северозападот на Хрватска, вклучувајќи го и подрачјето на Загреб.

Невремето проследено со бура зафати и делови од соседна Словенија, покрај границата со Хрватска како и делови од Корушка. Прогласен е жолт метео аларм на ниво на целата земја.

На одредени места паѓаше и град, а пожарникарите поради поплавените 20-тина објекти и улици, како што се наведува, имаат полни раце работа.

Големи проблеми по силната бура се забележани и на североистокот од Италија.

Метеролозите во Хрватска најавуваат дека локалната нестабилност може да се интензивира во доцните вечерни и ноќни часови, а кулминацијата на неповолни услови ќе следува денеска кога во повеќето краеви добар дел од денот ќе преовладува променливо и нестабилно време, со локални врнежи и грмежи.