Бизнис
16. јуни 2016 - 16:23

Невработеноста за 10 години паднала во сите градови во Македонија, некаде и за 50%

Кавадарци, Кочани и Неготино се рекордери по намалувањето на бројот на невработени.

Споредено со пред десет години во овие градови, невработеноста е намалена за три пати. Битола, Велес, Свети Николе, Скопје, Струмица, Штип, пак се градвите каде од 2006 досега бројот на невработени е преполовен.

Бројките покажуваат дека невработеноста се топи во сите региони од Македонија.

Последните податоци на државната статистика покажаа дека во првиот квартал годинава, бројот на невработени се намалил за 31.000 лица споредено со истиот период лани со што невработеноста се намали на историски најниски 24,5%. За споредба, пред десет години таа изнесуваше 38%.

Владата најавува дека намалувањето на невработеноста ќе остане во фокусот и во иднито период.

Очекуваат дополнително зголемување на бројот на работни места во домашните и странските компании  во повеќе региони во државата кои во следниот период се очекува да почнат со производство или да го зголемат бројот на вработените.