Бизнис
1. September 2016 - 11:05

Невработеноста на младите се зголемува во светот

Пословни дневник - Загреб

Во некои региони, највисоката стапка на невработеноста меѓу младите е над 30 отсто и ја бележат арапските држави, тешко погодени од многу геополитички тензии.

Бројот на невработените млади во светот ќе се зголеми оваа година, за прв пат во последните три години и тоа за 500.000, на вкупно 71 милион, процени Меѓународната организација за труд (ILO) во најновиот извештај.

Стапката на невработеност меѓу младите ќе порасне оваа година на 13,1 отсто, од ланските 12,9 отсто. Taкa повторно ќе се приближи до рекордните 13,2 отсто забележани во 2013 година, оценуваат во ILO.

Основната причина за тоа зголемување е неочекуваната длабока рецесија во некои клучни стопанства во развој, фокусирани на извоз на стока, како и стагнацијата во некои развиени земји, предупредуваат економистите на ILO и авторот на извештајот Стивен Тобин. Состојбата треба да се стабилизира идната година, покажува извештајот.

Повеќе од високата невработеност, младите ги загрижува фактот дека над една третина вработени млади живеат во екстремна или умерена сиромаштија, во споредба со нешто над една четвртина вработени возрасни, утврдија авторите на извештајот.

Во некои региони, највисоката стапка на невработеноста меѓу младите е над 30 отсто и ја бележат арапските држави, тешко погодени од многу геополитички тензии. Во тој регион младите во земјите извознички на нафта како Оман, Катар и Саудиска Арабија се соочени со највисока стапка на невработеност и тоа поради пад на стопанскиот раст и строгата буџетска политика, покажува извештајот.

Земјите во северна Африка исто така бележат стапка на невработеност на младите околу 30 отсто.

Меѓу групите на земјите распоредени според развојниот статус, најголем раст на стапката на невработеност на младите се очекува во стопанствата во развој, од 13,3 отсто во 2015 година на 13,6 отсто во оваа година, со невработени вкупно 52,5 милиони млади луѓе во таа група на земји.

Најразвиените земји на светот пак бележат стапка на невработеност на младите од 14,5 отсто, т.е. со вкупно 9,8 милиони невработени млади луѓе.

Меѓутоа, тие податоци не одразуваат поповолни услови на пазарот на трудот во стопанствата во развој, предупредуваат авторите на извештајот на ILO. Наместо тоа, покажуваат дека „младите луѓе во тие земји често мора да работат обично на лоши и слабо платени работи, за да ги покријат основните животни потреби” - се вели во извештајот.

Авторите посебно свртуваат внимание на фактот дека дури 156 милиони вработени млади во стопанствата во развој и на тие во развој, моментално живеат во екстремна сиромаштија, што значи дека дневно имаат на располагање помалку од 1,90 долари или во умерена сиромаштија, располагајќи со помалку од 3,10 долари на ден.

„Со оглед на двојниот проблем на растот на стапката на невработеноста и истовремено високата стапка на сиромаштијата, ќе биде многу тешко да се оствари целта која ја зададовме, а тоа е уникување на сиромаштијата до 2030 година” - заклучи Тобин.