Бизнис
4. October 2016 - 19:42

Невработените можат да аплицираат за кредити за самовработување и за отворање работни места

Сите млади невработени лица во наредните десет дена можат да аплицираат во Агенцијата за вработување за мерките- кредитирање за самовработување и кредитирање на фирмите за да вработат нов кадар.  Со првата мерка  оние кои се  невработени можат да својата  идеја да ја претоат во бизнис. За тоа ќе добијат поволен кредит од 3 до 5. 000 евра , зависност од обемот на дејноста, плус по 3.000 евра за секој нов вработен. Со другата мерка  им се овозможи на фирмите да ангажираат нов кадар. За секое  вработување ќе добија по 3000 евра или  9000 евра за  отворање на три нови работни места. Рокот на отплата на кредитот е три години, со камаат од 1 отсто и грејс период од една година.

Газдите кои ќе вработат лица од фирми кои се ликвидирани, во стечај или се технолошки вишок , ќе добијат 1.000 евра плус.

Од 2008 година, кога почнаа да се применуваат  двете мерки, до сега отворени се  3.200 фирми, и вработени 7000 лица.

Овие огласи за двете мерки се први годинава. Лицата кои ќе се јават паралелно можат да ги користат и поволностите од Македонија вработува.