Невработените Европејците во Германија без социјална помош пет години
Граѓаните на земји членки на ЕУ кои што се невработени кои ќе се преселат во Германија нема да можат да земаат социјална помош во период од пет години, објавуваат дел од германските медиуми, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Според медиумите од „Функе групата“ предлог-законот којшто треба да го промени односот кон негерманците во иднина, наредната недела ќе биде усвоен од германската влада, а се носи на барање на опшините кои сега имаат носат најголем товар при исплаќање на социјалната помош.
Според досегашните закони, потврдени од федералниот суд за социјални прашања, граѓаните на ЕУ можат да бараат социјални бенефиции шест месеци по преслбата во Германија.
Во моментов во Германија живеат околу 440 илјади европски граѓани од кои голем број користат социјални бенефиции. Најголем број од нив се од Полска, по што следуваат Италијанци (71,000) Бугари (70,000), Романци (57,000) и Грци (46,000).
За новите законски правила за граѓаните на ЕУ во Германија се залага и федералната министерка за вработување Андреа Нахл, а минатата недела првот човек на судот за социјални прашања рајнер Шлегел за весникот „Франфуртер алгемајненен“ изјавил дека „солидарноста меѓу европските нации не значи дека германците безусловно ќе гарантираат социјална помош на секој агол“.
Со законот ќе бидат погодени и неколку илјади македонски граѓани кои со бугарски пасоши живеат и работат во Германија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација