Македонија
10. January 2016 - 17:14

Невработена самохрана мајка од тетовска Брвеница мака мачи да го нахрани сопственото дете

Босилка Стрезовска од тетовска Брвеница нема работа и тешко успева да се прехрани со 9 годишната ќерка. Бара помош од хуманите луѓе.

-Дрва немам, имам еден кубик. Зимата е долга, ладна. Не знам како ќе се снајдам.  Со храна, за мене ако нема, за неа да има. Некогаш се случува да легнам без јадење. Тоа што ќе биде да биде за девојчето. Нема чизми, нема јакна, иде во школо, трето одделение е, вели Босилка.

Не може да го остави девојчето само дома за да оди на работа.

-На лето идам аргат, бидејќи овде во Брвеница се иде аргат на компир, пченка. Девојчево сега ми иде во школо трето одделение и бидејчи иде две недели прва две недели втора, а нема кој да ми го буди. Мајка и татко немам, ми се починати пред 15 години. Да ми се снајдат они на пример да ја будат за школо. Она 6.30 треба да стане, во 7 да иде во школо, мора јас да бидам со неа. Сега планирам понатаму да сме живи и здрави девојчето уште една година најмалку кога ќе порасне, да се вработам, вели таа.

Босилка се развела од сопругот бидејќи  постојано била жртва на неговото насилство.