Loading Video...
Кошарка
22. February 2020 - 14:54

„Невозможна мисија“ за македонските кошаркари во евро-квалификациите

Утре свој настап ќе има и сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија, која ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2021.
 
По речиси 24-часовно патешествие кои го имаат македонските кошаркари до Скопје до далечниот Перм, избраниците на селекторот Александар Тодоров ќе имаат тешка задача, пред се во краткиот период до мечот со Русија да се рехабилитираат до долгиот пат, а притоа да го заборават и поразот од Естонија на домашен терен во Скопје пред два дена. 
 
Дополнително, задачата ќе им биде отежната по убедливиот пораз кој Русите го претрпеа на гости во Италија, што мисијата на црвено-жолтите за евентуална победа на утрешниот меч во Перм ја чини „невозможна“. Но, чуда се случуваат, а во тоа верува и селекторот Тодоров.  
 
Главоболките на Тодоров за овој меч почнаа уште по дуелот со Естонија, откако стана јасно дека поради повреда во Перм нема да патува првиот организатор на нашата игра Ненад Димитриевиќ, па во последен миг неговото место го зазеде бекот-шутер на Работнички, Виктор Ефремовски.
 
Русите секако важат за фаворити, на дуелот кој ќе се игра утре во терминот од 16 часот. 
 
Два часа подоцна, ќе се игра и вториот натпревар од нашата група во кој Естонија ќе ја пречека Италија.