Македонија
26. July 2019 - 19:43

Невладините со забелешки на законот за основно образование

Ѓраѓанските организации сметаат дека е задоцнета комисиската јавна  расправа при носење на измените во закон кој опфаќа сензитивни прашања. Законот за основно образование  е несоодветен токму поради начинот на кој е донесен бидејќи за цело време вратите на МОН биле херметички затворени за нив. Не смее да се дозволи набрзина да бидат донесени.

Не постои држава во ЕУ која има целосен инклузивен систем тврдат од Филозофскиот Институт.  Посочуваат дека инклузивната пракса  за создавање на стручен тим не е новина кај нив но се согласуваат дека сега повеќе се зборува за ова прашање .

Министерот тврди дека не се раководи  од лични и политички цели туку на податоци од релевантни истражувања. РЕдовни училишта за децата со посебни образовни потреби од 2022учебна година со нови услови за нив, максимален број во паралелка да биде 30 ученици, зголемен број на часови. Министерот смета дека организирал доволно јавни расправо во повеќе градови.

Новиот Закон за основно образование нема да овозможи инклузија на децата со попреченост од новата учебна година е заклучокот на народниот правобранител. За организацијата и бројот на часови зборуваше и првиот човек на УНИЦЕФ кој смета дека последните две децении образованието во земјава се соочува со лоши резултати поради  отсуство на стручност и систематизација. Националното оценување според УНИЦЕФ ќе помогне во овој процес.