Македонија
4. July 2022 - 16:36

Невладините со порака: Помина времето на тајни преговори, да се објават сите документи

Помина времето на тајни преговори и договори со Бугарија, Владата веднаш да ги објави сите фокументи записници и Протоколот кој треба да влезе во преговарачката рамка, бараат невладините. Јавноста мора да има на увид се за да се донесе одлука во корист на националните интереси, почнувајки од решението за јазикот кое е дискутабилно. Токму затоа сега не е време за брзање, велат од ЕПИ, коментирајќи ја атмосферата на наметната ургентност од власта, во смисла одлука сега или никогаш. Напротив, потребно е темелно да се разгледа предлогот, да се предвидат сите идни чекори и замки кои ги носи документот, а тоа подразбира вклучување на Собранието кое ќе биде клучен актер понатаму во преговарачкиот процес со отварање на Уставот.

За Кацарска разбирливи се емоциите кај граганите кои имаат отпор кон овој предлог. Можеби за политичкиот естаблишмент прифакањето нема да биде ни триумф ни дебакл, но за нашето општество се создава ризик дека пристапниот процес ќе биде јамка на вратот што ќе се затега во следните децении, се вели во документот кој го невладините во евроинтегративниот сектот го испратија до Владата.