Македонија
3. јуни 2017 - 16:33

Невладините бараат плажа за лица со инвалидитет во Охрид

Охрид да добие плажа на брегот на езерото наменета за лицата со инвалидитет бараат од здружението Мобилност. Проектот е готов од локалната има зелено светло само се чека на надлежните мнистерства да го одобрат. По теркот на Хрватска и главниот туристички центар има потреба од адаптибилна плажа.Како најсоодветна локација е потегот после мостот бидејќи е блиску до централното градско подрачје, има сопствен паркинг и нема голема фреквенција.

Во текот на летото од месец мај па се до октомври во апартманите на охридското крајбрежје прилагодени за лицата со телесен инвалидитет летуваат околу 500 туристи.

Инаку од здружението Мобилност најавија дека постојано работат на отстранувањето на физичките бариери и поголема пристапност на лицата со инвалидитет.