Македонија
19. October 2020 - 12:48

Невладиниот сектор бара декриминализација на канабисот за лична употреба

Декриминализација на канабисот за лична употреба, бара невладиниот сектор. Дел од активистите сметаат дека на овој начин ќе се намалат злоупотребите со канабисот во земјава. Тие реагираат и дека законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци се уште не се спроведува.

Како што најавија барањата ќе ги достават до Министерството за здравство, Владата  и Собранието. Се надеваат дека надлежните инситуции ќе ги прифатат нивните предлози, во спротивно, велат, земјава би била во големи загуби.

 

Елена Милошевска