Живот
29. January 2016 - 10:35

Невидено: Првпат во историјата, во Кувајт падна снег

Дека климатските промени земаат се поголем замав доказ е овој крајно необичен настан во Кувајт.

Во оваа земја богата со нафта и песок, првпат во историјата, падна снег.

Температурите во оваа пустинска држава нагло опаднаа последните денови. Вообичаени температури на лето се над 50 степени Целизиусови, а преку зима се спуштаат под 20. Меѓутоа во средата температурата падна на само 3 степени Целзиусови.

-Сите се изненадени, зошто никогаш порано не виделе снег во живо. Го прашав дедо ми дали некогаш видел снег и тој вели дека не видел, наведе еден корисник на Твитер, кој поставил фотографии и видео снимки.

За разлика од Кувајт во соседната Саудиска Арабија редовно паѓа снег и тој не е никаква новина. Таму вчера е измерена температура од минус два степени.