Свет
17. September 2018 - 14:53

Невидена саботажа: 100.000 долари за дојава кој забодувал игли во јагодите што се продаваат ширум Австралија

Австралија нареди итна истрага зошто во јагоди ширум земјата, а и во некои банани се пронајдени намерно забодени игли, а еден човек дури и завршил во болница откако изел јагода во која имало игла.

„Ова е многу сурово злосторство и напад врз јавноста“, рече австралискиот министер за здравство Грег Хант.

Кутии те со јагоди во кои се забодени игли се откриени во сите шест сојузни држави, што предизвика општа паника: продавниците ги враќаат јагодите, а произведувачите немаат кому да им ги продадат, а Нов Зеланд престана да увезува австралиски јагоди.

Истрагата е во тек, но осомничени се уште нема.

Првите јагоди со игли се појавија на почетокот на минатата седмициа во квинсленд, а потоа почнаа да стигнуваат пријави од Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија, Тасманија... од сите страни. Избодени банани има помалу, но доволно за паника.

Произведувачите и полицијата се сомневаат дека ова не го направил само еден, туку повеќе лица. Се претпоставува дека, штом се појави веста за првиот случај во Квинскенд, некои злобници одлучиле да направат таков хазар и во својот крај.

Властите понудија 100.000 австралиски долари за било каква информација за сторителот или сторителите.

„Кој нормален би можел ова да го направи? На кој му паднало напамет вака да го загрози животот на бебеињата, децата или било кој?“ се прашува америерката Анастасија Палашчук.

Министерството за здравство ги советува граѓаните јагодите да ги пресечат пред да ги јадат.