Невидена бруталност во руски затвор: Кога ќе престане да вика, го освестуваат со вода и продолжуваат со удари
Видео снимка на која се гледа непрекинато малтретирање на затвореник, кое трае 10 минути во еден руски затвор, го вознемири светот.
Како што наведуваат руските медиуми за затвор во градот Јарослав, а затвореникот кој голем број стражари го тепаа со боксови и пендреци е идентификуван како Евгениј Макаров.
На неговите врисоци и молби за милост никој од околу десетината чувари кои учествуваа во малтретирањето, не ни трепнаа. Само продолжија со ударите и повремено го поливаа со кофа вода за да го освестат
Адвокатката Ирина Бирјакова, до која ова видео дошло, се упатила во Јарослав пет дена после инцидентот, кој се случил на 29 јуни.
Како што кажа таа, не може да открива како видео излегло во јавноста, но евидентно е дека го снимил некој од чуварите. Ова не е прв пат како што вели таа нејзин клиент да е претепан.
Најпрво не и бил дозволен пристап до претепаниот затвореник, но после интервенцијата на државниот омбудсман, Татјана Москалкова, затворските власти попуштиле.
-Едвај одеше. Толку е гадно претепан по стапалата, што дури распуканата кожа на нив се инфицирала. Претепан е по задникот и анусот. Модрици имаше по очите, а на рацете имаше рани од лисици кои буквално влегле во него, раскажува адвокатката за тоа во каква состојба го затекнала нејзиниот клиент.
Откако видеото со гнасните сцени на малтретирање ја згрози целата јавност, рускиот државен завод за издржување на казнени санкции и истражниот комитет покренаа истрага.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација