Живот
12. July 2018 - 22:32

Невидена акција: Дете (5) паѓа од седми кат во сигурна смрт, соседите во последен момент го фатија во ќебе

Во возбудлика акција на група соседи во Минск, спасен е животот на петгодишно момче кое паднало од прозорец на стан на седмиот кат.

Него мајката го оставила сам зошто бил казнет, а тој се качил на прозорецот за да ја гледа мајка си кога ќе се врати. На снимката се гледа како детето беспомошно паѓа додека не паднало врз ќебе што го држеле соседите.

Детето прв го забележал припадник на локалното обезбедување и веднаш кренал тревога. Група соседи веднаш излегле пред зграда со ќебе и во последен момент го фатиле детето.

Дете пропаднала низ ќебе, но тоа доволно го успорило да помине без повреди. Тој се лекува во блиската болница поради неколку модринки и се очекува брзо да се опорави.

Една соседка која наводно работела како лекар во локалната болница му пружила прва помош. Кога мајката стигнала, детето и рекло: „Мамо, само сакав да одам на шетање“.

Очевидците тврдат дека пред да падне, детето ја повикало својата мајка и барал да му прости и и ветил дека подобро ќе се однесува во иднина. Полицијата покрена истрага за инцидентот, но уште ништо не коментираше.