Џет-Сет
22. јуни 2018 - 9:18

Невестата за која сите зборуваат: Имаше три луксузни венчаници, но кога го облече овој фустан изгледаше брутално добро

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ на гламурозната свадба го изговорија судбоносното „Да“ и пред Бога и пред луѓето.

Невестата во текот на денот смени четири фустани. Во црква имаше кралска венчаница со боја на слонова коска, за граѓанската венчавка Александра избра бела, поширока венчаница со кристали, а третиот бел фустан беше тесен, со гол грб.

После полноќ, госпоѓа Живојновиќ облекла атрактивен, златно-црн фустан со реси, со длабоко деколте. Косата ја собра во пунџа и беше подготвена за танцување без престан.