Живот
4. January 2017 - 12:43

Неверојатно - Откриен нов човечки орган

 
Научниците класифицираа нов човечки орган, кој е дел од дигестивниот тракт. И покрај тоа што структурата мезентериумот е добро позната, за неговата функција експертите не знаат многу.
 
За новиот орган долго се сметало дека е составен од одвоени делови, но новите истражувања покажале дека се работи за еден и единствен орган. Мезентериумот всушност е двослоен вреќест превој на перитонеум кој го прицврстува цревото за постериорниот абдоменален ѕид.
 
Сите докази и наоди се објавени во The Lancet Gastroenterology & Hepatology.
 
-Во објавената студија, која е колегијално ревидирана и проценета, се наведува дека човекот има орган во своето тело кој досега не бил признат како таков, бидејќи за него не се знаело многу, вели Џ.Калвин Кофи истражувач од Универзитетската болница Лимерик во Ирска кој прв открил дека мезентериумот е цел орган.
 
позицијата на мезентериумот во телото
позицијата на мезентериумот во телото
Тој објаснува дека анатомскиот опис кој веќе 100 години се наоѓа во медицинската литература е целосно неточен.
 
Благодарение на новото истражување студентите по медицина ќе учат дека мезентериумот е засебен орган. Најпознатиот учебник по анатомија, Грејовата анатоминија веќе е ажуриран за да ја вклучи новата дефиниција за овој орган.