Живот
4. November 2015 - 15:00

Неверојатно: На Шар Планина пронајден феномен сличен на Мачу Пикчу

Шар Планина или скратено Шара е една од најголемите и највисоките планински масиви во Македонија. Сместена е во северозападниот дел на земјата, на границите со Косово и Албанија.
 
Самата планина зафаќа повшрина од 1.600 км². 56,25% од самиот масив ѝ припаѓа на Република Македонија, 43,12% на Србија, односно Косово, а додека останатиот дел од 0,63% на Албанија. Нејзината должина изнесува 80 км, а широчината од 10 до 25 км.
 
Овие денови на социјалните мрежи кружи фотографија од Шар Планина која ротирана за 90 степени наликува на човечко лице.
 

Интересен феномен. Врвот на Шар Планина ротиран за 90 степени, изгледа како човечко лицеФото: Јанко Јовановиќ

Posted by Сител Телевизија on Wednesday, 4 November 2015

 
Ова не е единствениот феномен кој покажува дека човечко лице може да се пронајде во прирадата.
 
Исто така на Мачу Пикчу, кој претставува претколумбовски град на Инките кој се наоѓа на 2430 метри надморска височина на Андите во Перу пронајдено е дека во своите карпи крие лик од човек.