Бизарно но вистинито
8. January 2016 - 14:16

Неверојатно: На фарма во Јајце, овца родила јагне со две глави!

Во една фарма во Јајце, Босна и Херцеговина, овца на свет донела јагне со две глави.
 
Иако ова е чудо за многумина како и сопственикот кој толку години се занимава со чување овци, за ветеринарот Самир Костен, овој настан е несекојдневен, но не е нешто кое не се случило претходно, пишува senzor24.info.
 
- Се работи за класична деформација, која се случува кај луѓето и животните. Посебни причини за ваквите случаи нема, - изјавил Самир.
 
Откако му ја пресекле папочната врвца, јагнето починало.
 
Познато како аксијална поделба, оваа деформација е резултат на ембрион кој почнува да се дели на два организми(н близнаци), но не го завршува процесот до крај.