Македонија
8. August 2016 - 11:10

Неверојатно - Македонец уплатил 440 денари, добил 135 илјади евра

Жител на Пробиштип уште долго ќе го памети датумот 6 август, затоа што на овој ден успеал да добие неверојатни 135 илјади евра. Тој со вложени 440 денари погодил цели 30 натпревари од најразлични делови од светот, Јапонија, Англија, Швајцарија, Германија, но и Хрватска, Србија…
 
Тикетот е уплатен во Пробиштип, а добивката е апсолутен рекорд на овие простори, со оглед на тоа што станува збор за сума од над осум милиони денари.
 
Најмногу неизвесност имало на дуелот Динамо Дрезден – Нинберг, каде изедначувачкиот погодок за 2+, како што го имал типувано овој натпревар среќниот македонец, паднал во судиското продолжение.