-->
-->
Неверојатно: Го нападна ајкула, но тоа му го спаси животот
-->
Човекот кој имаше потенцијална смртоносна средба со ајкула тврди дека токму тоа му го спасило животот, бидејќи лекарите кои му ги санирале повредите тогаш откриле дека боледува од рак.
Јуџин Фини бил на одмор во Калифорнија со својата девојка и децата на возраст од 6 и 10 години. Неговата девојка и деца биле на плажа, а тој влегол во водата. Тогаш почуствувал дека нешто го удрило во пределот на грбот.
-Тоа беше најсилниот удар кој го почуствував во животот, изјавил овој триесет и деветгодишник.
Повреден и во шок успеал да побегне од водата, но не бил свесен што се случило.
Дури под тушок на плажата забележал дека од грбот му тече крв.
Ајкулата му создала голема исекотина и модринки, но Јужин дури по враќањето дома отишол во болница поради болките во градите и грбот.
Таму му ги санирале повредите, но и му откриле тумор со големина на орев на десниот бубрег.
Бидејќи туморот бил во почетна фаза, лекарите со операција успешно го отстраниле, а Јуџин изјавил дека се чуствува благословен, бидејќи добил втора шанса за живот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација