Неверојатниот Де Хеа му донесе победа на Јунајтед во дербито против Тотенхем
Неверојатните одбрани на Давид де Хеа му обезбедија уште една победа на Манчестер Јунајтед, кој го победи Тотенхем со 1:0 среде „Вембли“.
Шпанскиот голман беше едноставно несовладлив, откако забележа 11 одбрани, сите во второто полувреме, а барем половина од нив беа стопроцентни шанси. Маркус Рашфорд пак го донесе триумфот со кој Оле Гунар Солскјер влезе во историјата.
Норвежанецот стана првиот менаџер на Манчестер Јунајтед, кој ги освојува првите 6 натпревари во сите натпреварувања. Освен тоа, се израмни со легендата Мет Бизби со 5 последователни успеси на почетокот на кариерата на „Олд Трафорд“ во првенството.
Со успехот Јунајтед се израмни по поени со 5-тиот Арсенал, а Челзи е со 6 повеќе место погоре, додека Тотенхем им бегаат 7 на третото место. Со вакво претставување сепак, „црвените ѓаволи“ дефинитивно не треба да бидат отпишани за пласман во топ 4 и учество другата сезона во Лигата на шампионите.
Ново на Сител
-
Албанската опозиција во кампања со поддршка од косовскиот премиер
-
Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија
-
Младите се пречесто на социјалните медиуми – не пребаруваат за политика
-
Наместо зголемени плати за 12%, вработените во култура не добија никаква плата за март - најавија протести
-
Доживотна казна затвор за кочанчанец кој усмрти жена на свиреп начин
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори