Фудбал
2. November 2017 - 10:31

Неверојатни 100 илјади на тренинг

Иако за египетскиот Ал Али не играат ниту Меси ниту Роналдо сепак овој клуб ужива огромна поддршка од фановите кои сепак ги изненадија сите кога пред  реванш мечот од финалето на Лигата на шампиони во Африка против Видада се појавија на тренинг и тоа во огромна бројка од 100 илјади фанови. Египетскиот клуб в сабота ќе го игра реваншот па раководството на Ал Али  дозволи на еден од последните тренинзи да може да дојдат навивачите и да ги поздрават своите миленици. Сепак, првите луѓе на клубот, воопшто не беа свесни дека на трибините на стадионот ќе дојдат неверојатни 100.000 навивачи.