Живот
26. October 2015 - 22:22

Неверојатна бора помеѓу огромен крокодил и човек

Во дивините на Австралија живеат толку големи крокодили, што некои од нив се тешки и повеќе од еден тон. Локалните жители стравуваат од овие чудовишта, а кога некои од нив премногу ќе се доближи во некоја населба, може да им помогне само еден човек, Мет Рајан.
 
Него во Австралија во емисијата „60 минути“ го угости водителот Питер Стефановиќ кој со него влезе во „лов“ на крокодили кои премногу им се доближиле на луѓето.
 
„Беше неверојатно. Овие крокодили се огромни и многу опасни“, изјави Стефановиќ. „Првиот ден најдовме женка од три метри, но во последните неколку дена фативме и вистински џинови
 
„Еден мажјак долг 4,9 метри и еден од 5,2. Беше толку голем што требаше два часа само да го извлечеме од замките“.
 
Стефановиќ и екипата „60 минути“ поминаа недела дена летајќи со хеликоптерот со Рајт во потрага по крокодили кои мораат да се преместат од една на друга локација поради што што претставуваат закана за луѓето.
 
Стефановиќ вели дека некои од крокодилите кои биле тешки и до 800 килограми морале да бидат пренесени со булдужер или виљушкар за да ги извадат од водата и ги префрлат во приколката.
 
На подрачјето на Северна Територија во Австралија живеат околу 120.000 крокодили. Во тек е жешка дебата за тоа дали и што треба да се направи. Многу веруваат дека нивниот број треба да се намали, додека други сметаат дека е подобро да луѓето ги остават на мира.
outube.com/watch?v=AlK3B23RSb8