Свет
11. јуни 2018 - 17:49

Неверојатна бламажа на Самитот Г7, социјалните мрежи се усвитија: На канадскиот премиер му паднаа лажните веѓи!

На канадскиот премиер Џастин Трудо му се случи неверојатен блам на самитот Г7, кога во еден момент му паднаа лажните веѓи.

Работата да биде полоша, овој инцидент го забележаа камерите, па Трудо стана инстант хит на социјалните мрежи.

„Трамп толку го препоти на самитот Г7 што му отпаднаа лажните веѓи“, напиша еден твитераш по повод бламот на Трудо.

„Или Трудо има лажни веќи, или овде си имаме работа со побегната гасеница“, се пошегува друг.