Loading Video...
Кошарка
15. December 2018 - 11:15

Неверојатен „кам-бек“ на Њујорк до победа над Шарлот

Ноќеска во НБА лигата беа одиграни девет натпревари. Најнеизвесниот го одиграа Шарлот и Њујорк, а победи остварија „Никси“ со 126-124 по дополнителните пет минути, односно продолжението. 
 
 
Дербито на вечерта се одигра во Денвер каде водечката екипа на Западот „Нагетс“ ја совлада Оклахома со 109-98. На Србинот Никола Јокиќ му недостасуваше една асистенција за средбата да ја заврши си трипл-дабл, откао зад своето име впиша 24 поени, 15 скока и 9 асистенции.
 
 
Шампионот Голден Стејт го доби дуелот со Сакраменто на гостински терен со 130-125 меч во кој Стив Кари реализира 35, а Кевин Дурант 33 поени со што „Воините“ се искачија на второто место во Западната конференција. 
 
 
Јанис Антетокумпо со учинок од 44 поени и 18 скока индивидуално ја одбележа изминатата ноќ, во која неговиот тим Милвоки се радуваше на победа кај Кливленд  со 114-102.
 
 
На останатите натпревари беа постигнати овие резултати: 
Бостон – Атланта 129:108, 
Бруклин – Вашингтон 125:118, 
Филаделфија – Индијана 101:113, 
Мемфис – Мајами 97:100, 
Портланд – Торонто 128:122,