Македонија
4. September 2018 - 14:54

Невенчаната сопруга ја бодел со нож - тетовчанец заработи кривична за убиство во обид

Тетовчанец си заработи кривична пријава поради сторено кривично дело „убиство во обид“.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(49) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 01.09.2018 година во 07.55 часот во Полициската станица Тетово, А.Б. пријавил дека истиот ден околу 07.00 часот во семејната куќа во Тетово со нож ја прободел В.М. (49) од Тетово, со која живеел во вонбрачна заедница. После тоа, В.М. била пренесена во Клинички центар Тетово каде и биле констатирани шест убодни рани во пределот на градите, вратот, грбот и дланките, а поради сериозноста на повредите била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.