-->
-->
Невакцинираните луѓе имаат 11 пати поголема веројатност да умрат од Ковид-19
-->
Нова студија изработена во САД покажува дека вакцините против Ковид -19 обезбедуваат силна заштита од хоспитализација и смрт, дури и во случаи кога се работи за многу позаразната делта варијанта.
Студијата, која следеше 600.000 луѓе од април до средината на јули, покажа дека луѓето кои не биле вакцинирани имале повеќе од 10 пати поголема веројатност да бидат хоспитализирани и 11 пати поголеми шанси да умрат отколку оние кои биле целосно вакцинирани, пренесува Гласот на Америка.
Невакцинираните луѓе имале 4,5 пати поголема веројатност да се заразат, се вели во студијата објавена вчера од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
ЦДЦ, исто така, објави две други студии кои покажуваат дека заштитата добиена од вакцини опаѓа кај постарата популација, особено кај оние на возраст од 75 години и повеќе.
Студиите, исто така, покажуваат зголемување на полесни инфекции кај целосно вакцинирани луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите