Свет
9. July 2021 - 9:09

Невакцинирани странски туристи нема да може да влезат во Канада

Странските туристи кои не се вакцинирани против Ковид-19 нема да смеат да влезат во Канада уште некое време, бидејќи владата не сака да го загрози напредокот постигнат во борбата против коронавирусот. Тоа го изјави синоќа канадскиот премиер Џастин Трудо.

– Веднаш можам да ви кажам дека тоа нема да се случи уште долго време, одговори Трудо на прашањето кога Канада ќе дозволи влез на невакцинирани лица.

Трудо додаде дека повеќе ќе зборува за тоа во наредните недели кога ќе може да се отвори канадската граница за целосно вакцинирани туристи.

Канада има 1,42 милиони заболени и над 26 000 смртни случаи од ефекти на инфекција со коронавирус.